Во Гибралтар и „трето полувреме“: Седлоски на крај во пресметка со домашниот голман (ВИДЕО)

Шкупи одигра разочарувачки натпревар со срамен пораз од 2-0 од гибралтарски Линколн, и благодарание само на онаа победа од 3-0 на домашен терен пред една недела си обезбеди пласман во следната рунда од квалификациите за ЛШ и подолго европско лето.

Но, дуелот во Гибралтар имаше и „трето полувреме“ на крајот од мечот кога дојде и до физички контакт меѓу играчите на двата тима.

Домашните почнаа со агресивно однесување кон клупата на Шкупи, по што и тренерот на македонскиот шампион Гоце Седлоски дојде до пресметка со домашниот голман. На крајот, очекувано се смирија страстите, без посериозни инциденти…

Се вчитува...