Во Италија рекорден број починати, Серија А нема шанса да продолжи пред јуни!?

Италија го доживеа најцрниот ден по појавата на коронавирусот со неверојатна бројка од дури 793 починати во изминативе 24 часа. А, експертите предупредуваат дека тоа се уште не е врвот.

Бројот на заразени во моментов е повеќе од 53.000 лица, поради што веќе сосема извесно се најавува дека Серија А нема шанса да продолжи пред јуни. Претходниот план беше Серија А да продолжи на 2. мај и да се доигра до 30. јуни, но по најновите секојдневни случувања веќе сето тоа изгледа сосема нереално.

Според „Ла Република“ деновиве се очекува нова средба од раководните лица на Серија А по што ќе се одлучува за сезоната. Нов предлог би бил да продолжи лигата на почетокот од јуни да се заврши на 30. јули. Доколку тоа биде така проблем ќе биде фактот дека на голем дел од фудбалерите договорите со клубовите им завршуваат на 30. јуни.

Во вторник ќе биде одржан уште еден состанок на челниците на Италијанскиот фудбалски сојуз и Серија А по кој се очекуваат новите одлуки.

Се вчитува...