Во Јувентус сега плачат по Влаховиќ: Ех, да го имавме Душан…

Долгогодишното несогласување помеѓу Душан Влаховиќ и Јувентус се чини дека е надминато по ангажманот на Лучано Спалети на клупата на „страта дама“. Искусниот стратег го врати српскиот голгтер во тимот, а овој одговори со одлични настапи во досегашниот дел од сезоната па новостекнатата тешка повреда лошо се одрази со расположението во торинскиот клуб.

На пресконференцијата за медиуми во пресрет натпреварот против Удинезе во Купот на Италија, Спалети говореше и за Влаховиќ и неговата повреда која неколку месеци ќе го оддалечи од теренот.

„Што се однесува до точното време на рехабилитација морате да говорите со лекарите. Тие ги знаат тие работи. Што се однесува до мене, ќе биде надвор од теренот два до три месеци. Фудбалот е топка која отскокнува и се врти, шансите доаѓаат и поминуваат. Нашата работа се состои во тоа да стигнеме до шанси и да ги искористиме. Би сакал Душан да е достапен за овој натпревар бидејќи е важен дел од тимот“, изјави Спалети.

Се вчитува...