Во Катар на зимски мундијал

Следното светско фудбалско првенство во Катар во 2022 година и дефинитивно ќе се одржува во ноември и декември. Отворањето ќе биде на 21 ноември, а финалето на 18 декември. Оваа очекувана одлука денеска само ја официјализираше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Решението е вакво поради превисоките температури во Катар во летниот период кога вообиачено се одржуваат мундијалите.

Во ноември темепературата во Катар е од 22 до 30 степени, додека во демекври е нешто пониска, меѓу 17 и 25 степени. На Светското првенство во Катар првпат ќе има собир на најуспешните фудбалски селекции во арапска држава.

Проблематично во ваквото решение е тоа што во перидоот на одигрувањето на мундијалот во Еврoпа сезoнaта е во полн ек, па поради тоа националните лиги од стариот континент ќе треба да прават најголеми промени во календарите. Според некои најави шампионатите во европските земји би почнувале еден месец порано, а најверојатно и би завршувале околу еден месец подоцна.

Се вчитува...