Во Лех внимателни: Пелистер е опасен, има Бразилци и Бугари

Лех на хартија важи за голем фаворит во двомечот со Пелистер во првото квалификациско коло за Лигата на Европа. Тренерот Ненад Бјелица истакна дека очекува во следниот период да има детални информации за квалитетите на битолскиот клуб, а како добра вест за неговиот клуб го потенцираше неиграњето во Битола, каде „пелистерци“ сигурно ќе имаа многу поголема поддршка од трибините.

Денеска беше ждребот, така што немам подетални информации. Она што го знам е дека станува збор за квалитетна екипа, која во своите редови има Бразилци и интернационалци од Бугарија. Добро е што стадионот на Пелистер е во изградба, па ќе играме во друг град, на терен што реално не е домашен за македонскиот клуб. Веќе ги контактирав моите пријатели од Македонија и очекувам да имам многу повеќе информации до првиот меч. Како и да е, веќе им кажав на моите фудбалери дека никако не смеат да го потценат овој противник, кој може да биде многу опасен“ – изјави Бјелица за клупската веб-страница на Лех.

Екипата на Лех ќе одигра само еден контролен натпревар пред дуелот со Пелистер, в петок ќе ги одмери силите со израелскиот прволигаш Хапоел Бер Шева.

Се вчитува...