Поранешниот фудбалер и неодамнешен колега на Драган Стојковиќ Пикси во А-репрезентацијата на Србија, Љубинко Друловиќ, истакнува дека натпреварот против Албанија вечерва во Лесковац мора да биде пред се фудбалски празник, без провокации од двете страни.
Србија ќе ја пречека селекцијата на Албанија на стадионот „Дубочица“ во Лесковац од 20:45 часот во натпреварот од квалификациите за Групата К за Светското првенство 2026.
„Се надевам дека нема да има инцидент, како што имаше инцидент во 2016 година. Изгубивме три бода поради дронот. Се надевам дека тоа нема да се случи денес. Првото нешто е дека ќе се игра на помал стадион, со помалку луѓе. Ќе биде полесно за контрола. Екстремистичките навивачи секогаш сакаат да создаваат немири. Денес е важен натпревар, не треба никој да подлегнува на провокации“, вели Љубинко Друловиќ.
Кој ќе биде најголемиот предизвик на теренот, со оглед на тоа што Србија има императив да победи.
„Мотивација за победа на овој натпревар, со победа сме 99% во плејофот за Светското првенство. Овој натпревар носи силен набој, жестока атмосфера но голема одговорност, по Англија мора да бидат на подобро ниво. Добро е што играчите се во подобра форма, особено Александар Митровиќ. Очекувам тежок и напорен натпревар, Албанија ќе биде дефанзивно ориентирана. Фаворити сме на хартија, но мора да бидеме на подобро ниво. Да го избришиме поразот од Англија“, рече Друловиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

