Во Лион децидни: Набил Фекир не е за продажба

Набил Фекир воодушеви со одличните игри оваа сезона, со што офанзивниот фудбалер на Лион се почесто се споменува меѓу главните желби на Арсенал, но и на големиот Реал Мадрид. Сепак, челниците на Лион се децидни дека овој суперталентиран фудбалер нема да ги промени клупските бои не само во јануарскиот преоден рок, туку и во текот на летото.

Фекир има договор со нас до јуни 2020 година и мислам дека е очигледно дека е среќен во Лион. Игра во животна форма, воедно и ни помага повторно да го застанеме клубот на здрави нозе. Нема шанси да го продадеме во јануари без разлика колку пари ќе ни бидат понудени, тој е новиот симбол на нашиот клуб и наша цел е да го задржиме што подолго во Лион. Следното лето е Светското првенство, ако Франција стигне до финалето, а Фекир го постигне победничкиот гол, сигурно ќе добиеме бројни понуди. Сепак, ни тоа нема да го промени нашиот став да го задржиме Набил Фекир во Лион. Воедно, мислам дека тоа е желба и на самиот фудбалер“ – истакна претседателот на Лион, Жан Мишел Ола.

Француските медиуми го проценија Фекир на околу 60 милиони евра, но се чини дека Ола не е подготвен за разговори за продажба на својот најдобар фудбалер.

Се вчитува...