Во Мадрид се слави: Барса по 818 дена им гледа во грб на „кралевите“

Реал Мадрид тргна триумфално во новата сезона од Ла Лига славејќи со 1-3 на гостувањето против Селта, а победата е уште послатка ако се знае дека лутиот ривал Барселона во првото коло претрпе пораз на дуелот со Атлетик Билбао.

Со денешниот триумф, Реал се наоѓа пред Барса на табелата, што е прва ваква ситуација по пауза од цели 818 дена. „Кралевите“ последен пат беа пред Барселона на крајот од сезоната 2016/17, кога стигнаа до шампионската титула. Во изминатите 27 месеци каталонскиот гигант никогаш не заостануваше зад Реал, а дваста големи ривали беа израмнети по бодови само во седум од вкупно 72 кола.

Дали е ова најава дека „кралевите“ се подготвени да ја прекинат шпанската доминација на Барселона, прерано е да се каже. Сепак, во секој случај е добар знак за Зинедин Зидан и неговите избраници.

Се вчитува...