Во Манчестер владее хаос: Дербито со Ливерпул пред откажување!

Големото дерби на англискиот фудбал меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул би можело да биде откажано по хаосот што го создадоа стотици домашни фанови кои влетаа на теренот на „Олд Трафорд“ протестирајќи против американските газди на „црвените ѓаволи“.

Собирот на навивачите почна пред стадионот, но откако триесетина од нив влетаа на теренот бројата набрзина се зголеми, па камерите подоцна забележаа и над 100 фанови како трчаат по тревата на „театарот на соништата“ во Манчестер.

Судијата, кој во тој период пристигнувал на стадионот, веднаш си заминал, а фудбалерите на двата тима останале во „Лаури хотелот“ во центарот на граадот и се уште не пристигнале на „Олд Трафорд“.

Повеќе од сигурно е дека овој меч нема да стартува во предвидениот термин од 17.30 часот, но британските медиуми најавуваат дека лесно може да се случи овој дуел денеска воопшто да не се игра, поради бројните прекршувања на ковид-протоколите на стадионот за време на нередите.

Се вчитува...