Во Марсеј нема место за тепачи – раскин на договорот со Патрис Евра

Патрис Евра повеќе не е член на Олимпик Марсеј откако францускиот клуб реши да го раскине договорот со ветеранот по огромниот инцидент пред синоќешниот дуел со Гимараеш, кога Евра физички се пресмета со еден навивач кој го провоцираше крај аут-линијата.

УЕФА веќе најави дисциплинската постапка и казна од најмалку пет натпревари, но самиот клуб реши уште поригорозно да го казни својот фудбалер, прекинувајќи ја соработката со него.

Претседателот на Олимпик, Жан-Анри Ејро, се сретна денеска со Патрис Евра и го информираше за прекинот на соработката. Првите резултати од интерната клупска истрага покажуваат неприфатливо однесување на група провокатори кои ја нарушија атмосферата во тимот непосредно пред важниот меч. Сепак, тоа не ја намалува вината на Евра, кој како професионалец и искусен фудбалер не смееше да реагира на таков несоодветен начин. Клубот ја продолжува својата истрага и ќе ги искористи сите правни мерки против оние кои под превезот на страста кон Олимпик ја нарушија атмосферата, влегувајќи на теренот и навредувајќи го фудбалерот, наместо да го поддржуваат“ – се вели во соопштението на Олимпик Марсеј.

 

Се вчитува...