Во најдобрите години замина од Челси во Кина по богатство, а сега вели: Би го направил тоа повторно

Поранешниот репрезентативец на Бразил, Оскар во 2017 година направи трансфер од редовите на премиерлигашот Челси во кинески Шангај за 70 милиони евра. Трансферот на 26-годишникот изненади многумина, а навивачите му замерија на играчот од средниот ред кој тргна по кинеското богатсво.

По ангажманот во Кина, двократниот освојувач на Премиерлигата остана и без репрезентативен повик, но вели дека не жали за одлуката, а мотивот секако биле парите.

„Кина има неверојатна финансиска моќ и некои играчи не можат да одолеат на понудата. Јас сум еден од нив. Доаѓам од сиромашно семејство, а ова се плодовите од мојата работа и поради договорот кој го добив се чувствувам како победник. Не жалам за одлуката и повторно би ја направил истата. Не сакам во староста да бидам сиромашен и да живеам од спомени“, изјави Оскар.

Сега 30-годишникот се уште е дел од Шангај, каде заработува нешто повеќе од 20 милиони евра годишна плата, a тимот го предводеше до лигашкиот трофеј во 2018 година и Куп трофејот година подоцна.

Се вчитува...