Во Русија многу студи, дали Вардар тоа ќе го разбуди?! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Четири натпревари и четири убедливи порази. Вардарци вечерва тренираа на стадионот „Петровски“ во Санкт Петербург, а утревечер (19 часот) на новиот стадион „Крестовски“ ќе го одигра петтиот меч од групната фаза во Лигата на Европа. Студено време ги пречека „црвено-црните“, а главното прашање е дали тоа може малку да ги подразбуди избраниците на Чедомир Јаневски во Европа…

Досега беа само спаринг партнер на останатите екипи и доживеаја четири порази…

Фото: www.fkvardar.mk

[new_royalslider id=”856″]

Се вчитува...