Во Скопје да се обели образот од Букурешт (Фотогалерија)

Македонските ракометарки по враќањето од Романија продолжија со подготовките за реванш-дуелот од баражот за СП. По оние „минус единаесет“ во Букурешт јасно е дека Романките ќе стигнат до мундијалскиот билет, но нашите ракометарки сакаат во Скопје да го поправат впечатокот од тој прв меч на кој имаше добри моменти, но и долги периоди без постигнат погодок.

Се ближи ЕП на кое Македонија ќе биде еден од домаќините, а тогаш дефинитивно ќе мора да не се срамотиме и многу посериозно да се спротивставуваме на селекциите од самиот врв на Европа, каква што е Романија.

Се вчитува...