Вогел: Ќе бидеме многу подобри, Драмонд потпиша за Лејкерси

Како што беше најавено, Андре Драмонд е новиот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс. Актуелниот шампион во НБА-лигата го потпиша овој играч откако Андре во петокот го раскина договорот со Кливленд Кавалирс.

По повредата на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, Лејкерси реагираа брзо и го доведоа Андреа Драмонд, кој дефинитивно ќе биде важен играч се додека Дејвис не се опорави од повредата. Дури и кога Ентони ќе се врати на теренот, Андре Драмонд ќе биде многу важен играч за тимот.

„Сите сме возбудени што доаѓа Драмонд, ни доаѓа играч од висок калибар. Тој е еден од најдобрите центри во лигата, некој што го сака секој одбранбен координатор. Тој ќе нè подигне веднаш, а исто така ќе ни го даде ветерот во грб кога сме во полна сила. Може да доминира од двете страни на теренот, секогаш мора да сметате на неговата физичка сила. Мислам дека тој ќе го направи нашиот тим многу подобар“, изјави тренерот на Лејкерс, Франк Вогел.

 

 

Се вчитува...