Војдан Стојановски со пораз и шест поени дебитираше за Гравелин

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Војдан Стојановски го имаше дебито за новиот тим во Франција, Гравелин Данкерк. Стартуваше со пораз откако Гравелин загуби на домашен терен со 80-88 од составот на Дижон.

Војдан Стојановски забележа шест поени за 19 минути игра на овој меч. Имаше и три скока и две асистенции. Најефикасен беше неговиот соиграч Тре Луис со 30 поени.

Се вчитува...