Војна меѓу Премиер-лигата и британската влада

Премиер-лигата влезе во јавна пресметка со владата на Велика Британија откако беше соопштена одлуката да нема навивачи на фудбалските натпревари, забрана која се очекува да важи во текот на целата сезона. Втора причина за војната е фактот што премиерлигашките клубови нема да добијат никаква помош од државата. Тие не влегуваат во пакетот помош наменет за спортот.

Дополнително, владините претставници ја наметнуваат и идејата клубовите од Премиер-лигата да направат договор за спас со тимовите од Чемпионшип во форма на помош или на позајмици за дел од тимовите кои се во проблеми да ја пребродат кризата.

Од друга страна, премирлигашите се поделени околу прашањето за тоа дали треба да им ги плаќаат тестовите за COVID-19 на нисколигашите со кои се соочуваат во натпреварите од Карaбао купот. ЕФЛ донесе одлука тестoвите за клубовите од пониските рангови да не се заадолжителни, но дел од премиерлигашите се согласни да им ги плаќаат тестовите за да ги заштита своите играчи.

 

 

 

Се вчитува...