Војна меѓу Премиер-лигата и газдата на Њукасл

Разбеснетите шефови на Премиер-лигата влегоа во војна со сопственикот на Њукасл, Мајк Ешли, обвинувајќи го дека лажел за пропаднатото преземање од Саудискиот инвестициски фонд. Во пресрет на почетокот на новата сезона, Премиер-лига објaви изненадувачко соопштение во кое најотворено го обвинува Ешли дека ги залажувал навивачите откако пропадна најавеното преземање вредно 300 милиони фунти.

Во соопштението се вели и дека Ешли бил суштински  и фактички во голема грешка кога тврдел дека Лигата е виновна за пропаѓањето на договорот. Ешли најави правна битка обвинувајќи за Премиер-лигата за пропаѓањето на договорот. Ова е најбруталното соопштение по 2006 година кога Вест Хем беше казнет со пет милиони фунти за случајот со Карлоз Тевез.

Според верзијата на Лигата, откако во јули пропадна првиот обид за преземање, Саудискиот инвестициски фонд никогаш повторно не се појавил на втор обид иако како што се тврди во соопштението било понудена и медијација и оти преговорите ќе можеле да дојдат во втора фаза.

Преземањето пропадна поради обвинувањата дека Инвестицискиот фонд кој сакаше да го купи Њукасл е во директна реалација со принцот Мохамед Бин Салман што значи дека практично е во државна сопственост, а токму државата Саудиска Арабија беше посочена како главен винивник за тоа што се дозволувало пиратирање на спортски настани вклучувајќи ги натпреварите од Премиер-лигата на нејзина територија.

Се вчитува...