Војна на повидок: Солскјер го остави Роналдо на клупата!

Кристијано Роналдо веднаш по победничкиот гол во ЛШ против Вилјареал коментирал дека очекува многу подобра тактика од она што го практикува Оле Гунар Солскјер. Одговорот на Норвежанецот стигна денеска – Кристијано Роналдо се сели на клупата за резерви и нема да биде стартер на дуелот со Евертон што ќе стартува во 13.30 часот на „Олд Трафорд“.

Португалецот беше најдобар фудбалер на Јунајтед во месец септември, тој најпрвин беше разочаран што Солскјер го избра Бруно Фернандеш за изведувач на пенали, но и поради премалиот број на шанси што тимот ги создава според тактиките на Норвежанецот.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“ возврати за денешниот натпревар избирајќи го Единсон Кавани пред Роналдо, а интересно е што на клупата за резерви остана и Пол Погба, пред кого шанса во стартниот тим доби Марсијал, за офанзивна формација помогната од Гринвуд и од Бруно Фернандеш.

На повидок е војна на „Олд Трафорд“, од која Оле Гунар Солскјер тешко дека ќе може да излезе како победник.

Се вчитува...