„Војна“ на жените на ѕвездите од Сити, замешана и боксерска легенда

Англиските медиуми деновиве се забавуваат со сапуницата која ги „тресе“ ѕвездите на Сити, Лирој Сане и Ријад Махрез.

Девојката на Сане, Кендис Брук и сопругата на Махрез, Рита, се наоѓаат среде скандал во кој е замешан и боксерскиот шампион Деонтај Вајлдер. Кендис е пријателка со девојката на Вајлдер, Тели Свифт, а скандал „бидна“ откако Рита почнала да флертува со боксерот.

На една случајна средба во јавност, Кендис вербално ја нападната сопругата на Махрез дека е „групи-девојка“, по што била спречена и меѓусебна физичка пресметка.

„Мислиш ли дека ти се плашам, стара жено“ – и се обратила Рита потоа на девојката на Сане, по што следеле бројни вербални меѓусебни навреди.

Интересно до пред само една година двете беа најдобри пријателки, па Сане и Махрез се обидуваат сега да ги „смират страстите“ меѓу нив. Посебно пред заедничката божиќна дружба која треба да следи наскоро.

Се вчитува...