Војна во Наполи: Де Лаурентис бара осум милиони евра од Спалети ако си замине

Кратко траеше славјето и еуфоријата во Наполи по освоеното шампионско скудето, откако претседателот Аурелио де Лаурентис се соочува со сериозни проблеми да го задржи победничкиот тим. Најдобрите фудбалери се желба на европските гиганти, но уште поголем проблем ќе биде да се задржат спортскиот директор Џунтоли и тренерот Спалети, кои во последните денови влегоа во конфликт со Де Лаурентис.

Особено алармантен е односот меѓу првиот човек на клубот и шефот на стручниот штаб, откако Спалети веќе најавил дека е подготвен да си замине од клубот. Тој е разочаран од Де Лаурентис, кој среде победничкасезона решил тивко да ја активира клаузулата за продолжување на соработката за уште една сеззона, наместо да седне и да преговара со Спалети за долгорочна соработка, и секако за зголемување на платата на шампионскиот тренер.

Тренерот е решен да си замине, но проблем претставува друга клаузула во истиот договор, која вели дека страната што ќе го раскине предвреме договорот ќе му плати на другиот осум милиони евра. Ова практично значи дека Спалети ќе треба да му плати богатство на Наполи ако реши да си замине под своја волја при валиден договор, што е сериозен притисок за тренерот да го омекне ставот и да остане во Неапол уште една сезона.

Се вчитува...