Војна во Торино – Хрватот го внесе српскиот играч, па го замени по 15 минути: Се што му кажав, тој направи обратно

Јувентус славеше во градското дерби против Торино со 4-2, но главна вест по овој меч беше конфликтот во гостинскиот табор меѓу хрватскиот тренер Иван Јуриќ и српскиот фудбалер Немања Радоњиќ. Јуриќ го уфрли Радоњиќ во игра во 60. минута, но потоа реши да го повлече од теренот петнаесет минути подоцна, бесен на неговата реакција при третиот гол за Јуве што го постигна Бремер.

Хрватот не беше задоволен што офанзивниот играч воопшто не влегол во шеснаесетникот за да помогне да се одбрани корнерот по кој Бремер постигна гол, по што веднаш се реши за замена, за помошните тренери спречија и посериозна пресметка меѓу тренерот и фудбалерот.

По мечот, Јуриќ јавно го критикуваше Радоњиќ…

„Не можам да разберам некои работи… се што му кажав, тој направи обратно. Кога противникот изведува корнери, ти мораш да си на местото на кое треба да бидеш. Потоа можеш да реагираш добро или слабо, но мора да се таму. Кога нема да си таму, значи дека не си присутен со главата во натпреварот. Радоњиќ има талент, но јас од него не успеав да направам играч во овие шест месеци колку што сме заедно“, прокоментира тренерот на Торино.

Се вчитува...