Војната се вжештува: Клоп веднаш му врати на Гвардиола

Се повеќе се вжештуваат страстите во пресрет на големото премиерлигашко дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Сити што ќе се игра в недела на „Енфилд“. Пеп Гвардиола веднаш по мечот со Саутемптон го обвини Садио Мане за глума, откако Сенегалецот доби жолт картон за симулација за дуелот со Астон Вила, но Јирген Клоп денеска не му остана должен на противничкиот стратег.

„Навистина не сум расположен толку многу да зборувам за Манчестер Сити, но ќе прашам една работа. Како тој можеше да знае за картонот на Мане, веднаш откако заврши неговиот меч кој се играше во исто време со нашиот. Садио Мане е актер, повторените снимки потврдија дека имаше контакт пред тој да падне. Можеби тој контакт не беше доволен за пенал, но не се случи тој да падне преку нога без да биде допрен. Ако Манчестер Сити се најдеше во слична ситуација, сигурно ќе бараше пенал“ – истакна Клоп на денешната прес-конференција пред мечот од ЛШ со Генк.

Ливерпул ќе влезе во големото дерби со предност од шест бода во однос на големиот ривал.

Се вчитува...