„Војната“ во Рим продолжува – „Волчицата“ му подготвува жестока казна на Џеко

Фудбалскиот репрезентативец на Босна и Херцеговина Един Џеко, влезе во „војна“ пред неколку дена со тренерот Пол Фонсека. На португалскиот стручњак му пречеше однесувањето на напаѓачот на еден од натпреварите и реши да му врачи казна. Един го пропушти и ппоследниот натпревар против Специја бидејќи наводно бил повреден, но се чини дека ова беше само оправдување за јавноста.

Фонсека очигледно го исфрли Џеко од почетниот состав, а напаѓачот на БиХ вчера тренираше одделно од тимот. Медиумите на Апенините пишуваат дека одличниот напаѓач сигурно ќе го напушти клубот до крајот на јануари и дека Пол веќе го изоставил од списокот на планирани играчи.

Сагата околу Џеко продолжи и денес, а „Кориере дело Спорт“ пишува дека клубот одлучил да застане покрај португалскиот тренер.

Наводно, сопствениците на Рома решиле да го казнат напаѓачот на БиХ и се чини дека ќе му биде одземена капитенската лента. „Кориере дело Спорт“ пишува дека казната ќе биде строга, така што Џеко би бил пример за другите играчи како не треба да се однесуваат.

Се вчитува...