Војводина го растури ослабениот Вардар

Ракометарите на Вардар претрпеа пораз од убедливи 33024  на гостувањето во Нови Сад против Војводина, неславно завршувајќи ја групната фаза од СЕХА-лигата. Пораз беше подобра опција при изборот на ривал за четвртфиналето, бидејќи „вардарци“ сега ќе играат против Загреб наместо со Веспрем, токму затоа и Алушовски реши да одмори голем дел од првотимците, но во секој случај разочара изданието на македонскиот првак кој и со подмладен состав не смее да си дозволи вакво фијаско против просечни ривали како Војводина.

„Црвено-црните“ беа и подобар ривал во првите петнаесетина минути од првото полувреме, откако со голот на Тимур Дибиров дојдоа до водство од 8-9. Сепак, во остатокот од натпреварот дојде до огромен пад во играта на „вардарци“ кои до крајот на полувремето постигнаа само уште еден единствен гол за 14. минута (преку Калараш) и на одмор заминаа со убедлива негатива од 16-10. Војводина го почна вториот дел со два нови гола за уште поубедливи 18-10, по што српскиот состав рутински ја одржуваше убедливата предност се до конечните „плус девет“.

Дибиров со девет и Калараш со седум погодоци беа најефикасни во редовите на Вардар, а за одбележување е катастрофалното издание на голманот Кантегрел, кој прими 19 гола без ниту една единствена интервенција.

Се вчитува...