Десниот бек на Манчестер Сити, Кајл Вокер треба да ја продолжи кариерата во Милан, објавија во петокот италијанските медиуми, додавајќи дека англискиот репрезентативец треба да им се приклучи на „росонерите“ до крајот на јануари, односно пред крајот на зимскиот преоден рок.
Предуслов за тоа е Вокер да го раскине договорот со Сити со заедничка согласност и да се пресели во италијански клуб како слободен играч, односно без обештетување. Договорот на Вокер со Сити истекува во јуни следната година.
Преговорите со клубот од „Сан сиро“ траеја неколку дена и англискиот фудбалер треба да потпише договор на две и пол години, односно до јуни 2027. Во Милан тој треба да има плата од четири милиони евра по сезона, истакнуваат италијанските медиуми. Вокер во мај ќе го прослави својот 35 роденден, а новиот тренер на Милан, Серџио Консеиао има намера да го користи и како десен дефанзивец и како стопер.
За репрезентацијата на Англија одигра 93 натпревари, а во Манчестер Сити пристигна во 2017 година од Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА