„Волчицата“ го брка Лукас Васкез за трансфер во јануари

Италијанскиот калчолигаш Рома е сериозно заинтересиран за ангажман на фудбалерот на Реал Мадрид, Лукас Васкез. Тој не добива голема минутажа на стартот на оваа сезона под раководство на новиот тренер Хулен Лопетеги, а тоа сака да го искористи Мончи, спортскиот директор на Рома, кој има неверојатен сенс за да реализира трансфер во вистински момент.

„Волчицата“ би сакала да го доведе Лукас Васкез на шестмесечна позајмица во јануари, со опција за понатамошно откупување на неговиот договор. Оваа информација од Апенините доаѓа непосредно пред утрешниот дуел меѓу Реал Мадрид и Рома на „Сантијаго Бернабеу“, на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите.

Се вчитува...