Волф: Мерцедес сезонава ќе биде многу посилен

Директорот на Формула 1 тимот на Мерцедес, Тото Волф изјави дека неговата екипа е многу посилна сезонава него тоа што беше минатата година и дека имаат за цел да бидат во врвот заедно со Ред Бул и Ферари.

Актуелниот шампион во конкуренција на конструктори Ред Бул беше најбрза на претсезонските тестирања минатата седмица во Бахраин, но сепак Тото Волф верува во болидот на Мерцедес и неговите возачи дека можат да го предизвикаат австрискиот тим.

„Уверени сме дека имаме болид со кој можеме да работиме и дека сме во посилна позиција отколку што бевме пред 12 месеци. Што е уште поважно, уживаме во предизвикот. Шампионатот ќе се води во текот на 23 викенди и секој од нив ќе ни даде можност да се подобриме. Почетокот на новата сезона е секогаш возбудлив, без разлика дали сте во спортот со децении, години или недели“, рече Волф.

Новата сезона во Ф1 почнува викендов со трката за големата награда на Бахраин.

Се вчитува...