Волфсбург сака да го купи Стефан Ристовски

Германскиот бундеслигаш Волфсбург е заинтересиран за македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски. Раководството на германскиот клуб сака да го доведе како засилување за новата сезона во Бундес-лигата, а Спортинг Лисабон за него одреди отштета од 4 милиони евра.

Ристовски дојде во Спортинг Лисабон како позајмен играч од Ријека во 2017 година, но потоа португалскиот гигант комплетно го откупи неговиот договор. Во моментот еден од капитените на нашиот национален тим има договор до јуни 2022 година, но и клаузула која може да го задржи во Спортинг Лисабон уште дополнителни две сезони, до 2024 година.

Десниот бек досега одигра 82 натпревари во дресот на португалскиот гигант.

Се вчитува...