Вонредна состојба во Рома: Ди Франческо пред отказ, фановите гневни, фудбалерите во изолација

Италијанскиот калчолигаш Рома очајно ја стартуваше новата сезона во Серија А, и по пет кола веќе има вонредна ситуација во клубот. Фановите се гневни поради лошите резултати, на тренерот Еузебио Ди Франческо му се заканува отказ, а фудбалерите се во изолација во карантин, за да бидат заштитени од можните испади на најрадикалните навивачи.

Клубот веќе бара ново решение за тренерската позиција. Првата опција е враќањето на Винченцо Монтела, кој ја предводеше „волчицата“ после Раниери, а втората е Португалецот Пауло Соуса. Тој во моментот е во Кина, но важи како прв „пик“ на спортскиот директор Мончи.

Ди Франческо најверојатно ќе добие шанса на уште два натпревари во тековнава седмица. В среда Рома го пречекува тимот на Фросиноне, а в сабота ќе го игра градското дерби против Лацио. Доколку не оствари успеси на овие мечеви, и дефинитивно ќе мора да си замине од клупата.

Се вчитува...