Ливерпул минатото лето плати шест милиони евра за трансферот на Фабио Карваљо од Фулам.
Но, португалскиот офанзивец ќе ја продолжи кариерата на позајмица во Лајпциг по разочарувачкото искуство на „Енфилд“. Под водство на Јирген Клоп одигра само 340 минути во 13 меча и постигна два гола.
Иако и наѕаму е под договор со Ливерпул, португалскиот младински репрезентативец признава дека нема добар однос со германскиот тренер.
„Да бидам искрен, не разговараме воопшто. Не ми дал никаков совет додека сум во Ливерпул. Морав се сам да учам во од. Оставен сам на себе“ – вели Карваљо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА