„Вориорс“ го декласираа Орландо, Кари беше незадржлив (ВИДЕО)

Голден Стејт убедливо го совлада Орландо на свој терен со 1226:95 предводени од одличниот Стеф Кари, во натпреварите во НБА одиграни ноќеска. Иако тимот на Орландо добро влезе во натпреварот и поведе, сепак, работите во своите раце ги превзеде Кари кој имаше одлична партија.

Мечот го заврши со 31 поен со осум асистенции, а одлична поддршка му беше Вигинс кој уфрли 28 поени.

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ одигра уште една одлична партија со „трипл-дабл“, но тоа е слаба утеха, затоа што неговиот тим е поразен на гостувањето во Чикаго. Двата тима беа рамноправни се до третиот период, кога во финишот Чикаго дојде до двоцифрена предност која ја задржа до крајот. Јокиќ постигна 17 поени, 12 скока и 15 асистенции, но сето тоа беше на крајот залудно. Зак Лавин од Чикаго беше најефикасен со 32 поени.

Феникс на свој терен добро влезе во мечот со Сан Антонио, па дури имаа предност во третата четвртина од 16 разлика, но гостите успеаја мечот да го доведат во неизвесна завршница и дојдоа до израмнување. Сепак, „Санс“ успеаја да дојдат до триумф и така да го задржат чекорот со Голден Стејт.

РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Филаделфија 124:127 по продолженија
Детроит – Оклахома 103:114
Индијана – Вашингтон 116:110
Мајами – Мемфис 90:105
Чикаго – Денвер 109:97
Милвоки – Кливленд 112:104
Минесота – Атланта 110:121
Феникс – Сан Антонио 108:104
Голден Стејт – Орландо 126:95
Портланд – ЛА Клиперс 90:102

Се вчитува...