Вориорс постигнаа 138 поени во Чикаго, Дончиќ ја прекина низата на Мемфис (ВИДЕО)

Голден стејт Вориорс во дербито на вечерта во НБА лигата славеа против Чикаго во „Јунајтед центар“ со 138-96.

Дуелот на најдобрите тимови во лигата не донесе преголеми возбудувања затоа што Вориорс веќе на полувреме си ја завршија задачата околу победникот на дуелот.

Расположениот тим од Сан Франциско успеа да постигна дури 78 поени во првото полувреме и создаде 31 поен разлика, што беше пресудно околу победникот.

Повреда на мечот заработи кошаркарот на Булс, Зак Лавејн кај кого настрада коленото.

Далас ја прекина низата од 11 победи на Мемфис победувајќи ги на нивни терен со 112-85. Лука Дончиќ брилијираше на мечот со „трипл-дабл“ ефект од 27 поени, 12 скока и 10 асистенции, а на спротивната страна Морант постигна 19 поени.

Од останатите мечеви, Детроит славеше против Торонто со 103-87, Орландо триумфираше на гости против Шарлот со 109-116, Феникс запиша гостинска победа над Индијана од 94-112 а Филаделфија го победи Бостон со 111-99. Мајами славеше на домашен терен против Атланта со 124-118, Кливленд на гости го победи Сан Антонио со 109-114 и Сакраменто пред својата публика триумфираше против Хјустон со 126-114.

Се вчитува...