Вориорс „рутински“ против Детроит, Минесота го освои „Медисон“ (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа само два натпревари. Голден Стејт Вориорс без поголеми проблеми славеше на домашен терен против Детроит Пистонс со 102-86. Стеф Кари со 21 поен беше најефикасен кај победникот, додека Ендрју Вигинс заврши со еден помалку. Кај порезените 16 поени постигна Хамид Диало.

Во вториот натпревар Минесота Тимбервулвс триумфираше на гостувањето кај Њујорк Никс со 110-112. Ентони Едвардс со 21 поен и Карл Ентони Таунс со 20 го предводеа тимот од Минеаполис до победа. Кај поразените недоволни беа 27 поени на Еван Фурние.

 

Се вчитува...