Восканјан: Резултатот е тежок за нас, но има и реванш

Шефот на стручниот штаб на Арарат, Арам Восканјан после натпреварот со Шкендија ги искажа своите импресии од дуелот во Скопје кој неговиот тим го загуби со 2-0.

Восканјан истакна дека не е задоволен од резултатот, но дека патникот ќе се решава во вториот натпревар.

„Не сум задоволен од резултатот и моравме да постигнеме барем еден гол, имавме три реални шанси да постигнеме гол во првиот дел. Во вториот дел ја сменивме стратегијата, сакавме да бидеме поопасни во нападот, и сакавме да оди кон тоа, но не успеавме. Се ќе биде одлучено во вториот натпревар во Ереван. Резултатот е тежок за нас, но сметам дека и натаму имаме шанси и нема да се предадеме“, рече Восканјан.

Тој додаде дека  очекува поддршка од публиката на вториот меч и секако давање на максимум од играчите за да се стигне овој резултат.

„Ќе биде тешко, но имаме и втор натпревар. Секако дека неме да се предадеме. Имаме добри навивачи и со нивна помош ќе се обидеме да ја стигнеме оваа негатива“, вели Восканјан. 

Се вчитува...