Вознијацки учтива и кога освојува: Извини Симона…

Новата шампионка на Австралија опен, Каролина Вознијацки е пресреќна по освојувањето на својата прва гренслем титула, но на прес-конференцијата покажа дека е и човек со големо срце и респект, а не само добра тенисерка.

„Пресреќна сум, поминав долг пат за да ја освојам својата прва гренслем титула. Јас си го остварив сонот, но жалам што Симона е таа што денес се чувствува поразено. Знам дека денес и е тешко, но сигурна сум дека во иднина ќе има уште многу шанси да слави. Одигра фантастично, се бореше до самиот крај. Сакам уште еднаш да и се извинам за поразот“, изјави Каролина за својата противничка во финалето, Симона Халеп.

Халеп сега бележи ново разочарување во големите финалиња на гренслемовите, откако претходно губеше во 2014 година и 2017 година на Ролан гарос. За Вознијацки пак, третото финале во нејзината кариера е среќно, а претходно како поразена заминуваше во финалињата на УС опен во 2009 и 2014 година.

Се вчитува...