Вознијацки заминува од Индијан Велс, елиминирана од Касаткина

Елиминацијата на втората светска тенисерка, Карлона Вознијацки е најголемото изненадување во осминафиналето на Индијан Велс.

Вознијацки загуби од Русинката Дарија Касаткина со 4-6,5-7, и тоа вторпат за само еден месец откако беше поразена од руската тенисерка и на турнирот во Санкт Петербург.

Останатите фаворитки немаа проблеми на патот кон четвртфиналето во Индијан Велс. Се пласираше и Анџелика Кербер која ќе игра токму со Касаткина, а пласман понатаму обезбедија и Симона Халеп, Венус Вилијамс и Каролина Плишкова.

Во машка конкуренција во четвртфиналето се пласираа Фелисијано Лопез од Шпанија, Квери, Дел Потро, Багдатис и Раониќ.

Се вчитува...