Вработен во Интер Мајами доби отказ поради тоа што му побарал автограм на Меси

Хигиеничарот на Интер Мајами, Кристијан Саламанка доби отказ од клубот затоа што му побарал автограм на фудбалерот на овој тим, Лионел Меси.

Саламанка го потврди случајот, но не изрази каење поради тоа што го направил.

„Требаше да ги чистам тоалетите во еден од секторите каде што се паркираат автобусите. Кога пристигнав таму излегуваа играчите. Последен беше Меси. Му викнав: „Еј, светски шампионе!“. Тој се сврти накај мене, и јас ја соблеков мојата маица и под неа имав дрес на Аргентина и побарав да ми се потпише. Тој ми се потпиша. Потоа дојде обезбедувањето, ми дадоа отказ, но вредеше секоја секунда“, рече тој.

Меси има одличен старт во дресот на Интер Мајами. Откако Аргентинецот дојде, го препороди овој тим.

Се вчитува...