„Време е за Формула 1 трка во Африка“

Во очекување на новата сезона во најбрзото натпреварување на светот, Луис Хамилтон и Макс Ферстапен се сложија дека на Формула 1 и треба предизвик и на последниот континент каде што не е претставена – Африка.

Темата ја започна Луис Хамилтон, а неговиот најголем ривал во последните години, двократниот шампион од болидот на Ред Бул, Макс Ферстапен застана на негова страна.

„Мојот сон е да имаме трка во Јужна Африка. Луѓето да имаат шанса да видат колку е тоа убава земја и убав континент“ изјави асот на Мерцедес.

„Потребна ни е трка во Африка. Сега имаме натпреварувања на сите континенти, ни остана само Африка. Тоа треба да биде следниот чекор за Ф1. Имаме историја во Јужна Африка, би било убаво доколку се вратиме таму“, додаде Ферстапен.

Сезоната 2023 во Формула 1 започнува на 5. март, а прва на програмата е Големата награда на Бахраин.

Се вчитува...