Време е за пензија, 17-ти пораз по ред за Венус

Американската тенисерка, Венус Вилијамс е елиминирана на стартот од турнирот во Хонгконг и го забележа дури 17-тиот пораз по ред.

Поранешната прва тенисерка на светот која има 46 години, е поразена од сонародничката Мери Стоијана во два сета и тоа со 6:2,6:3.

Вилијамс не успеа да и пружи посериозен отпор на 23-годишната тенисерка која моментно е 113 тенисерка на ВТА ранг-листата и ја продолжи неславната серија која трае од минатата година.

Вилијамс која моментно е 597-ма тенисерка на светот, последен пат победи во поединечна конкуренција на турнир во јули 2025 година.

Се вчитува...