Време е за ждрепка во ЛШ: Порто е „џек-потот“ што сите го сонуваат

Со почеток во 12 часот денеска ќе се одржи ждрепката за четврт-финалето од Лигата на шампионите, по што ќе бидат познати дуелите на екипите кои ќе разигруваат за место меѓу најдобрите четири во Европа. Новост во однос на претхоните години е што овојпат веднаш по четвртфиналето ќе се извлечат и двојките за полуфиналето, така што веднаш по денешната ждрепка секоја екипа ќе го знае патот што ќе треба да го изоди ако сака да стигне до големото финале во Мадрид.

Прв пат по цели десет години Англија има четири претставници во ЛШ, откако Ливерпул, Тотенхем, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ги минаа своите ривали во осминафиналето. Јасно е, многу лесно може да се случи да дојде до англиско четврт-финале иако секој од овие тимови за најпосакуван ривал го има Порто. Португалскиот првак ја елиминираше Рома во претходната рунда, но реално гледано квалитативно е најслаб од осумте четвртфиналисти.

„Старата дама“ полна со самодоверба ќе влезе во четврт-финалето предводена од Кристијано Роналдо, за нов атак на трофејот во ЛШ подготвена е и Барселона, а листата на четвртфиналисти ја заокружува тимот на Ајакс, кој во осминафиналето го елиминираше актуелниот првак Реал Мадрид.

СИТЕ ЧЕТВРТФИНАЛИСТИ ВО ЛШ

Барселона

Јувентус

Ливерпул

Манчестер Сити

Манчестер Јунајтед

Порто

Ајакс

Тотенхем

Се вчитува...