Време за потписи во ПСЖ: Луис Енрике останува до 2027

ПСЖ успешно го одработи зимскиот преоден рок успевајќи да го комплетира трансферот на Кварацхелија од Наполи, а управата на францускиот првак планира во наредните триесетина дена да заврши уште неколку клучни потписи. Овојпат ќе стане збор за задржување на првотимци како Хакими, Нуњо Мендеш и Витиња, но најважно од се – ПСЖ ја продолжи и соработката со тренерот Луис Енрике.

Потписите на новите договори беа официјализирани непосредно пред вечерашното дерби што францускиот првак го игра на домашен терен против Монако.

Каталонскиот стратег безболно ја преброди кризата по заминувањето на Мбапе, дури и јавно изјавувајќи дека му е полесно да го води тимот откако голгетерот се пресели во Реал Мадрид. ПСЖ игра се подобро во последните месеци, убедливо е прв во домашното првенство, додека во Лигата на Шампионите и покрај слабиот старт „светците“ обезбедија пласман во нокаут фазата.

Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2026 година, но управата на ПСЖ сака да го награди, продолжувајќи ја соработката за уште една дополнителна година, со зголемување на платата што екс-тренерот на Барселона ја заработува на „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...