Аталанта славеше со убедливи 3-0 над Фиорентина, но наместо резултатот во преден план остана фактот дека тренерот Гасперини го остави на клупата капитенот Папу Гомез. Аргентинецот влегол во конфликт со Гасперини на полувремето од мечот од ЛШ со Митјиланд, соиграчите спречиле тепачка меѓу двајцата, а Гасперини дефинитивно реши поради инцидентот да го избрише најдобриот фудбалер на Аталанта од тимот.
Тренерот во изјавата по мечот истакна дека тимот делува покомпактно без капитенот и дека негова грижа е да се победува, а не фудбалерите да бидат среќни. Веднаш следеше реакција на Гомез, кој преку социјалните мрежи испрати порака до навивачите на Аталанта.
„Драги навивачи на Аталанта, ви пишувам вака бидејќи немам друг начин да се одбранам од лагите што се зборуаат за мене. Само сакам да кажам дека кога ќе си заминам, ќе ја дознаете целата вистина“, порача Гомез.
За потсетување, Гомез летово одби мултимилионска понуда за преселба во Катар и реши за тројно помалку пари да остане во Аталанта. Сепак, по најновиот развој на настаните сега се очекува тој во јануарскиот преоден рок да си замине од калчолигашот од Бергамо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА