Врие во Јуве: Пирло само молчи, Тудор ја крои тактиката

Новото реми со Беневенто придонесе уште повеќе да се зголеми загриженоста меѓу навивачите на Јувентус, но и меѓу самите фудбалери кои стануваат се понезадоволни од работата на Андреа Пирло. Кристијано Роналдо, кој не настапи против Беневенто, е еден од ретките кои се задоволни од новиот тренер, додека голем дел од играчите на „старата дама“ се загрижени поради преголемата пасивност на Пирло во период во кој тимот игра далеку под своите можности.

Според весникот „Кориере дела сера“, Пирло е толку пасивен што речиси целата тактичка подготовка на натпреварите му ја има доделено на својот помошник Игор Тудор. Хрватот при доаѓањето беше најавен како „специјалист“ за работа со дефанзивците, но сега се повеќе презема обврски од главниот тренер.

„Пирло само молчи, додека Тудор ја крои тактиката. Голем дел од фудбалерите се збунети, особено оние како Дибала и Кулушевски, кои речиси и да немаат комуникација со Пирло, што се очекува од нив за да ги подобрат своите настапи“, пишува „Кориере дела сера“.

Со оглед на неславната тренерска кариера на Тудор во Удинезе и во Хајдук, јасно е зошто Јуве игра толку променливо. Резултатите се најдобро мерило, а Пирло ќе мора што поскоро да преземе целосна контрола, или да ризикува и тој самиот да добие отказ во блиска иднина. Јувентус во првите девет кола има дури пет нерешени средби и веќе заостанува шест бода зад лидерот Милан.

Се вчитува...