Врие во Олимпик Марсеј: Тренерот во војна со најдобриот фудбалер

Олимпик Марсеј се соочува со огромен проблем откако тренерот Роберто де Зерби отворено говореше против Мејсон Гринвуд, поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед кој одлично ја стартуваше сезонава, но бележи огромен пад во формата во последно време.

Гринвуд веќе има 15 гола во францускиот шампионат, но Де Зерби не крие дека е незадоволен од неговото залагање, како на тренинзите, така и на натпреварите во последно време, поради што крилниот офанзивец последните две средби против Ленс и ПСЖ ги почна од клупата за резерви.

„Никој не го почитува Мејсон Гринвус повеќе од мене, но тоа не го менува фактот – јас очекувам повеќе од него. Тој мора да дава повеќе од себе, затоа што она што го покажува во моментов не е доволно ниту за него, ниту за нас како екипа. Ако сака да си ја оствари својата амбиција и да биде шампион, мора да покаже желба за жртвување, упорност, но пред се константност во формата. Се друго би било враќање на старите навики… добар меч, па наш пораз во Оксер, па победа над Нант, па пак пораз… Тоа е премногу неконстантно и воопшто не ми се допаѓа“, дециден е Де Зерби.

Се вчитува...