Врсаљко ја испрати најсилната порака: Сонот стана јаве (ФОТО)

Хрватска е во финалето на Светското првенство. „Коцкестите“ по голема борба ја елиминираа Англија на продолженија (2-1), а на радоста на избраниците на Златко Далиќ нема крај. Десниот бек Шиме Врсаљко ја испрати можеби и најсилната порака, од самиот терен на стадионот „Лужњики“.

Си легна на хрватското знаме, покажувајќи дека ужива во сонот, кој сега стана јаве…Хрватите веќе влегоа во историјата на својата земја, ја надминаа генерацијата на Шукер, Бобан, Просинечки…а в недела во големото финале ќе се борат да станат и бесмртни.

„Луѓе, ова е чувството што го чекав цел живот“, истакна Врсаљко.

Неговиот настап во полуфиналето беше неизвесен поради повреда, но Шиме стегна заби и издржа, а на крајот и заслужено се радуваше.

Се вчитува...