Врсаљко откри за кого сака да победи: Дедо, гордо го носам твоето име

Хрватска денеска во Москва ќе го игра најважниот натпревар во својата фудбалска историја, а Шиме Врсаљко е максимално подготвен за настап, иако имаше проблеми со десното колено. Но, ги издржа и најтешките напори против Англија во полуфиналето, па селекторот Златко Далиќ сигурно ќе му даде шанса и на денешната финална пресметка против Франција.

Врсаљко си пронајде и посебен мотив за победа против „триколорите“. Тоа е неговиот дедо.

„Дедо, гордо го носам твоето име. Ќе победиме и ќе го освоиме трофејот, за тебе и за цела Хрватска“, истакна Врсаљко.

Се вчитува...