ВТА ФИНАЛЕ: Швјонтек рутински со Касаткина, Гарсија ја изненади Гоф

Најдобрата тенисерка во светот, Ига Швјонтек на доминантен начин го почна својот настап на ВТА финалето откако во првиот меч од групата А во американскиот Форт Ворт славеше над Русинката, Дариа Касаткина.

Полјачката беше подобра од руската тенисерка со максимални 2-0 по сетови 6-2 и 6-3 за еден час и 23 минути.

Во вториот меч од оваа група Французинката Каролин Гарсија стигна до изненадувачки лесна победа против домашната тенисерка Кори Гоф со 2-0 (6-4 и 6-3).

 

Се вчитува...