Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев со пораз го завршија настапот во Европа уште во 1. квалификациско коло во „најмладото“ фудбалско натпреварување на УЕФА, Конференциската лига.
„Пандевци“ во реваншотдоживеаја нов пораз (1-2) од полска Лехија Гдањск, по поразот и во првиот меч на гостувањето со 4-1.
Првата шанса на натпреварот ја имаа гостите и тоа уште во четвртата минута откако од некои шеснаесеттина метри биеше непрецизно Мачеј Гајош.
„Пандевци“ првпат го загрозија голот на гостите откако во деветтата минута од дваесетина метри биеше непрецизно Томовски. Домаќините продолжија со одличната игра и во 13. минута имаа двојна шанса, но голманот на гостите Кучијак одлично интервенираше на ударите на Донов и Велиновски.
Само четири минути подоцна Митревски и Маронг повторно имаа двојна шанса, но повторно одлично расчисти голманот Кучијак.
По неколкуте убави шанси следуваше казна од гостите кои преку Гајош во 37. минута поведоа со 0-1, резултат со кој се замина на пауза.
Второто полувреме стартуваше со голема шанса на гостите, но голманот на „пандевци“, Алчевски успеа да одбрани еден на еден.
„Пандевци“ конечно успеаја да направат шанса кон противничкиот гол во 59. минута, откако Митревски биеше прецизно и израмни на 1-1. Сепак, тоа беше се од домашниот тим. До крајот гостите успеаја да стигнат до победа од 1-2 со голот на Пјежак во 82. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА