Втор триумф на младите фудбалери над БиХ

Фудбалската репрезентација на Македониа за играчи до 17 години забележа нов триумф над врсниците од БиХ, овојпат со 2-3, откако избраниците на Драган Канатларовски славеа на првиот дуел со истиот ривал со 1-3.

На денешниот натпревар одигран на стадионот „Бабовац“, македонската репрезентација поведе веќе во 3. минута, кога по проигрување на Елези, Георг Стојановски биеше прецизно за водство од 1:0. Во 48. минута Александар Кахвиќ го израмни резутатот, а по голема грешка, односно недоразбирање меѓу нашиот голман Василев и одбраната истиот фудбалер го постигна вториот свој гол за предност на домаќините од 2:1.

Бесарт Гуџуфи беше фудбалерот за пресврт на Македонија. Во 79. минута по додавање на Поповски, Гуџуфи го постигна погодокот за израмнување на 2:2, а пет минути подоцна повторно беше прецизен откако го искористи центаршутот на Софијаноски за победа на македонската репрезентација од 3:2.

Македонската селекција настапи во состав: Васко Василев, Никола Павлески (59. Азур Шехиќ), Енис Буќи, Матеј Ангелков, Дашмир Елези, Метин Иљази (46. Бесар Гуџуфи), Георг Стојановски (85. Ерлон Шуку), Ардијан Чилафи (65. Матео Софијаноски), Мирче Стоилов (27. МАрко Ристов), Марко Софијаноски (46. Донарт Ибраими, 85. Аљбан Шабани), Борјан Попоски. Селектор: Драги Канатларовски;

Се вчитува...