Ангели одиграа доминантен прв полуфинален натпревар во пресметката со Соколи 1933 декласирајќи го штипскиот противник со преубедливи 105-57 со што се најдоа на победа од враќање во Првата кошаркарска лига.
Тимот од Драчево имаше фантастичен старт на средбата постигнувајќи 35 поени, наспорти сеумте на противникот во првата четвртина, а не застанаа до самиот крај.
Лидер на Ангели беше Наумоски со 16 поени, Стојаноски и Стојанов постигнаа по 15, а Богатиновски и Ибраими натпреварот го завршија со 12 поени. Тодороски комплетираше 15 поени за Соколи 1933, капитенот Караколев додаде 11, а во двоцифрената листа се запиша и Костадинов со 10.
Како потсетување, претходно во неизвесен натпревар во салата „Наум Наумовски – Борче“ со 83-75 славеше Маџари над МЗТ Скопје Уни Банка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА